Пребарување со користење на адресната лента

Кога отвораме интернет-прегледувач како што е Chrome, Safari или Edge, во горниот дел на екранот можеме да видиме едно долго, бело поле. Ова поле е наречено адресна лента (address bar).

Примери за адресна лента во различни прегледувачи

1. Google Chrome

Адресна лента на Google Chrome

2. Microsoft Edge

Адресна лента на Microsoft Edge

3. Apple Safari

Адресна лента на Apple Safari

Која е намената на адресната лента?

Адресната лента може има две намени:

  1. внесување адреса на веб-страница
  2. пребарување информации за некоја тема.

Ајде да ги разгледаме овие намени подетално.

Внесување адреса на веб-страница

Ја користиме адресната лента за да внесеме адреси на познати веб-страници. Еве неколку примери за адреси на веб-страници:

Ајде да замислиме дека ја знаеме веб-локацијата на ABC news, бидејќи веќе сме ја посетиле. Можеме да ја употребиме адресната лента за да ја внесеме веб-адресата на веб-локацијата на ABC news.

Нема потреба да го внесеме делот https:// или www од адресата, треба само да го напишеме она што следи по тој дел. Така, во овој пример, во адресната лента би требало да напишеме abc.net.au/news.

https://www.abc.net.au/news

Истото важи и за останатите познати адреси на веб-страници. И покрај тоа што можете да ја напишете целата адреса, она што е неопходно да го напишете во адресната лента е делот после https://www. На пример:

https://www.sl.nsw.gov.au

https://mona.net.au

https://nga.gov.au

Сега, ајде да погледнеме како треба да ја користиме адресната лента ако не ја знаеме адресата на некоја веб-страница.

Како да пребараме информации за некоја тема

Адресната лента може да се користи за пребарување на интернет, исто како кога вршиме пребарување со пребарувачот Google, Bing или Yahoo!.

Ајде да замислиме дека сакаме да пребараме информации поврзани со временските услови следната недела во Перт. Во адресната лента можеме да ги напишеме зборовите време Перт недела (weather Perth week).

Додека пишувате, под адресната лента ќе се појави список со предлози. Ако некој предлог добро се совпаѓа со она што го барате, можете да кликнете на него за да ги видите резултатите од пребарување за тој предлог.

Исто така, можете да продолжите со пишување на време Перт недела (weather Perth week) во адресната лента. Кога ќе завршите, притиснете на копчето Enter за да видите некои корисни веб-страници.

Список со предлози што се јавува кога ќе почнеме да внесуваме пребарување за времето во Перт неделава.